Дончиќ на лекарски третмани во Европа

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ, ќе се обиде да го забрза закрепнувањето од повредата на тетивата во Европа, на специјализиран третман, објавија американските медиуми.

Дончиќ се повреди во натпреварот против Оклахома, а по магнетната резонанца беше потврдено дека ќе го пропушти остатокот од регуларната сезона.

Вообичаено време за закрепнување за ваков вид повреда е околу еден месец, што значи дека еден од најдобрите играчи во лигата би можел да го пропушти првото коло од плејофот.

Оваа сезона, Словенецот бележи 33,5 поени по натпревар, заедно со 8,3 асистенции и 1,6 украдени топки.

Лејкерси моментално имаат скор од 50-28, исто како и Денвер, но со предност во меѓусебните дуели, тие го држат третото место на табелата во Западната конференција.

Зачлени се на нашиот е-билтен