Почина легендарниот тренер Душко Вујошевиќ

По долго боледување, денеска, на 68 години возраст во Белград почина познатиот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ.

Вујошевиќ е најтрофејниот тренер на КК Партизан, своевремено и претседател на Југословенското спортско друштво Партизан.

Во последните години тој боледуваше од хронична болестна бубрезите, а во неговите ретки медиумски појавувања често зборуваше за состојбите во срспкото општество и ја критикуваше актуелната власт

Покрај успесите на теренот, Вујошевиќ ќе остане запаметен и по неговиот однос кон играчите и публиката.

Кошаркарски работици и спортската јавност во Србија и во Европа испраќа последен поздрав до популарниот Дуле.

Зачлени се на нашиот е-билтен