Филипче: Унгарија кажа ДОСТА Е, падна Орбан, Европа не сака автократи!

Филипче

„Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме“.

Ова ги напиша на мрежата Х, претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Во пораката уште се посочува:

„Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат.“

Зачлени се на нашиот е-билтен