Вечерва се комплетираат четвртфиналните натпревари во фудбалската Лига на шампиони.
Во Минхен, Баерн го пречекува Реал Мадрид со предност од 2:1 во првиот меч.
Домаќините иако имаат предност од гостински терен сепак се внимателни пред дуелот со најтрофејниот клуб во ЛШ, додека „кралевите“ најавуваат пресврт среде Минхен, па така вечерва фудбалска Европа може да очекува вистински спектакл на Алијанц Арена.
Овој меч ќе се гледа со внимание во Париз затоа што победникот ќе се сретне со ПСЖ во полуфиналето.
Во вториот дуел, лондонски Арсенал треба да има лесна задача против Спортинг Лисабон и да го потврди влезот во полуфиналето каде би играл против Атлетико Мадрид.
Двата меча на програмата се во 21.00 часот.