Викендов се игра завршницата на македонскиот ракометен куп

Струмица од денеска до недела е домаќин на завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.

Денеска се играат полуфиналињата кај мажите – во 17 часот се среќаваат ГРК Охрид и Пелистер, додека од 20 часот играат Вардар 1961 и Алкалоид.

Вардар е најтрофеен со 17 титули, Алкалоид има една, додека Пелистер и Охрид ќе се борат за нов успех во ова натпреварување.

Билетите чинат 400 денари и важат за двата натпревари.

Зачлени се на нашиот е-билтен