Град Скопје и Зоо Скопје, организираат настан со кој започнува раскажувањето на приказната за 100 години ЗОО Скопје.
Ќе бидат промовирани активностите и проектите по повод големиот јубилеј, а свое обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски.
За најмалите посетители е подготвена едукативна и музичка програма исполнета со забава, учење и дружење.
Зоолошка градина Скопје ги поканува граѓаните на 19-ти април во 11:00 часот заедно да го одбележат почетокот на овој значаен јубилеј.