Почина Гордана Дувњак, истакната македонска новинарка

Дувњак

Почина Гордана Дувњак, истакната македонска новинарка од светот на политиката и правдата.

Својата кариера, како новинар ја започнува во 1988 година во Македонската радио телевизија, каде останува две години.

Во период од 1991 до 1999 година, работеше во Нова Македонија. Таа долги години работела како новинарка, а потоа беше и уредник во весникот Утрински весник во период од 1999 до 2017 година.

Во 2017 година, се вработи во порталот Макфакс.

Во 2018 година е вработена во 1ТВ како новинар и одреден период како уредник на телевизијата. Од 2019 година работеше во весникот Фокус.

Професионалната кариера ја заврши како лице за односи со јавноста во Судскиот Совет.

Нејзината колешка од Македонската радио телевизија, Катерина Цаневска, се прости од Дувњак со следните зборови:

Замина Гордана Дувњак, врвен новинар, професионалец и пред се голем човек. Биеше многу битки во животот, за вистината, за новинарството, за твоето најголемо богатство Мартин и Стефан. За жал со оваа битка не се избори.

Нека почива во мир.

Зачлени се на нашиот е-билтен