Среќата изгледа вака: САКАМ КНИГИ со 14 новитети, попусти до 60% и специјална гостинка Виола Ардоне

Сакам книги

Издавачката куќа САКАМ КНИГИ ги најавува своите годишни активности на Саемот на книга во арената Борис Трајковски под мотото „Среќата изгледа вака“. На нашиот штанд посетителите ќе можат да разгледаат богат избор од 14 нови саемски изданија, внимателно селектирани за сите возрасти и читателски вкусови – од напнати трилери и романси исполнети со емоција, преку исклучителни историски драми, до живописна детска литература и практични наслови за личен развој. Паралелно, повеќе од 400 претходни изданија ќе бидат достапни по атрактивни саемски цени со попусти до 60%, со цел секој посетител да може да го пронајде своето четиво и да ја почувствува радоста на нова книга.

Саемскиот каталог со сите новитети може да го разгледате на следниот линк: http://bit.ly/4dUFkGl

Најголемата еуфорија во поглед на нови изданија годинава ни ја носи серијалот кој веќе две години буквално го тресе книжевниот свет: Четврто крило. Тука се и новитетите од мега популарната Фрида Мекфаден, Себастијан Фицек, Крис Картер, Кристин Хана, Вај Киленд и многу други. Од новите автори, кои ги издаваме за првпат специјално за овој саем, мораме да ги издвоиме книжевниот феномен „Тео од Голден“ од Ален Ливај – книга за која имаше жестоки аукции во над 30 земји и продаде неколку милиони примероци ширум светот за само неколку месеци и „Кревки нешта“ од Сузан Мајснер, прекрасна историска драма која ќе ги освои сите љубители на Сара Џио и Кристин Хана.

Со особена гордост ја најавуваме италијанската авторка Виола Ардоне како специјална гостинка на нашиот штанд. Позната по романот „Возот за деца“  кој доби и Netflix адаптација и „Нескршливото срце на Олива Денаро“,  Ардоне пишува за теми кои ве трогнуваат длабоко: храброст и отпор кај жените, невините судбини на децата и тешкиот пат до слободата. Нејзините книги веќе предизвикаа силни реакции и богати дискусии кај македонската публика, па присуството на Ардоне ќе биде прилика за искрен разговор и заедничко промислување на важни човечки прашања.

Диме Спасев од Сакам книги вели: „Оваа година сакаме на нашите читателите да им понудиме искуства кои остануваат и емоции кои не се забораваат. Виола Ардоне е авторка чии теми резонираат со нашата публика; нејзините приказни отвораат простор за емпатија и размислување, и затоа ќе биде централна фигура на нашите активности.“

Ивана Спасев, главниот уредник, која го гради идентитетот на САКАМ КНИГИ веќе 16 години, додава: „Среќата не изгледа исто за секој читател. За некого, таа е забрзано срцебиење на полноќ. За некого, таа е детето на кое му се затвораат очињата среде реченица. За некого, таа е љубовна приказна која им ја враќа вербата во љубовта. Посакуваме секој посетител да го почувствува токму тоа: среќата што се раѓа кога ќе се пронајде вистинската книга.“ Ги покануваме сите љубители на книгите – семејства, ученици, студенти и професионалци – да ни се придружат во Арена Борис Трајковски за да ги откријат новите изданија, да ги искористат саемските попусти и да присуствуваат на специјалните настани со автори.

Зачлени се на нашиот е-билтен