Мартинез од Валенсија, прогласен за најдобар тренер во Евролигата

Евролигата го просласи тренерот на Валенсија, Педро Мартинез, за најдобар тренер во регуларниот дел од сезоната 2025/2026.

Со Валенсија, во регуларниот дел од сезоната, тој го освои второто место, зад Олимпијакос, а тимот чиј напад е најдобар во лигата (90,5 поени по натпревар) и е лидер во неколку статистички категории.

Мартинез ја направи Валенсија тим кој игра најатрактивна кошарка, и покрај нејзиниот скромен буџет во споредба со остатанатите тимови.

По одличниот регуларен дел, сега фокусот на кошаркарите на Валенсија е насочен кон плејофот и можноста овој тим за првпат да се пласира на фајнл-фор турнирот.

Мартинез е четвртиот Шпанец кој ја доби наградата „Александар Гомељски“, по Пабло Ласо, Чус Матео и Чави Пасквал.

Зачлени се на нашиот е-билтен