Британската влада објави воведување законска забрана за употреба на паметните телефони во училиштата во Англија, објави Министерството за образование, јави Би-Би-Си.
Министерката за образование, бароницата Џеки Смит, изјави во Домот на лордовите во понеделник дека владата ќе поднесе амандман на Законот за благосостојба на децата и училиштата, со кој ќе се воведе јасна законска обврска за училиштата да го сторат тоа. Како што изјави Министерството за образование, овој потег ќе даде „правна сила на она што училиштата веќе го спроведуваат во пракса“.
Министерката за образование, Бриџит Филипсон, им пиша на училиштата претходно оваа година, барајќи од нив да се придржуваат кон новите упатства што бараат училиштата да бидат без телефони во текот на целиот ден.
Владата сега има намера да ги стави упатствата во закон, што значи дека училиштата мора да ги следат. Според Министерството, повеќето училишта веќе ги забрануваат телефоните, а политиките ќе бидат следени во иднина преку инспекции на Ofsted.