Подгответе се за Водно и „Прв до врв“ на 17 мај

„Прв до врв“

На 17 мај 2026, Водно ќе ги обедини љубителите на спортот и природата со 14-тото издание на најмасовниот планински настан во земјата, Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ.

Ова е повик до сите рекреативци, професионалци, семејства, компании и пријатели да станат дел од настан кој не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината и спортот во пет натпреварувачки категории кои водат до врвот на Водно:

·         Планинско трчање (4,5 км)

·         Планински велосипедизам (9 км)

·         Друмски велосипедизам (11,4 км)

·         E-Bike (9 км)

·         Тим-билдинг трка за компании: Summit Run (4,5 км)

Без разлика дали учесниците се натпреваруваат или учествуваат рекреативно, целта е иста: да се стигне до врвот и да се биде дел од најмасовното искачување на Водно и енергијата што секоја година ја создаваат илјадници учесници.

Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот. Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, Средно Водно и пред целната линија на врвот.

Секој учесник што ќе ја заврши трката ќе добие финишер медал, додека за најдобрите се предвидени одличја во сите старосни категории, во машка и женска конкуренција. Шпаркасе Банка, како главен поддржувач, повторно обезбедува награден фонд од 1.000 евра за поставување нови рекорди. Дополнително, на настанот ќе биде поставен и „лаунџ корнер“ со изненадувања, награди и активности, кои ќе го збогатат целокупното искуство за сите учесници и посетители.

На врвот е предвиден пикник, храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, како и дружење и атмосфера што го претвора искачувањето во вистинска прослава. По забавната програма ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците.

Крајниот рок за пријавување е 10 мај. Пријавувањето се одвива преку веб-страницата prvdovrv.mk.

Зачлени се на нашиот е-билтен