СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

СДСМ

Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон. Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски. 

Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај.

Ова се нагласува во соопштението на СДСМ, во кое се истакнува дека не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива.

Во продолжение целосното соопштение на СДСМ: 

Копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот. 

Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови. 

Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето.

Имаме горчливо искуство токму со рудникот Лојане. Таму отпадот од старите рудници и денес загадува почва, вода и воздух. 

Луѓето сè уште страдаат од хронични заболувања, а отпадот продолжува да го труе регионот со децении. 

Истото се случува и со проектите за литиум. 

Се ветуваат работни места, а на крајот остануваат загадена вода, почва и сериозни здравствени проблеми.

Македонија веќе е на црната листа по квалитетот на воздухот. Уште еден рудник за токсичен метал значи уште еден проект за убивање на граѓаните.

Градоначалникот мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не човекот кој ја гледа државата како свој тендер.

Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ. 

Градоначалниче – референдум!

Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.

СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција.

Зачлени се на нашиот е-билтен