Стевче Алушовски не е повеќе тренер на актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер, а тоа го потврди и клубот од Битола.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа, објавија од клубот попладнево на социјалните мрежи.
Оттаму додаваат дека до крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.