Цените на нафтата почнаа да опаѓаат, откако ноќеска достигнаа рекордни максимуми

нафтата

Цените на нафтата на азиските пазари денес скокнаа за четири проценти откако Иран објави дека нема повторно да го отвори Ормутскиот теснец поради американската поморска блокада на иранските пристаништа, и покрај продолжувањето на прекинот на огнот.

Веднаш по полноќ, референтната цена на американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) се зголеми за 4,06 проценти, на 96,73 долари за барел, објавува „Гардијан“.

Меѓународната референтна цена на нафтата „Брент“ од Северното Море се зголеми за 3,62 проценти, на 105,63 долари, а цените на двата вида нафта ја намалија цената неколку минути подоцна.

Фјучерсите на суровата нафта Брент денес на азискиот пазар пораснаа за 1,3 проценти, на 103,18 долари за барел, откако преку ноќ скокнаа за 3,5 проценти и повторно ја преминаа границата од 100 долари, објавува „Ројтерс“.

Зачлени се на нашиот е-билтен