СДСМ: Техничката влада е единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане

СДСМ

Не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане.

Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со обвинители и судии блиски до Мицкоски. 

Со овие поенти почнува соопштението на СДСМ во врска со иницијативата за укинување на техничката влада, коешто понатаму го пренесуваме целосно:

Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства“. 

Институциите се далбоко партизирани.

МВР повторно се користи како во времето на Груевски а со новиот Закон за полиција брутално се партизира, се острануваат професионалците и се поставуваат само партиски послушници.

Власта не прифати закон за „safe city“ за заштита од злоупотреба на податоците од камерите.

Орбановата машинерија во 40% од медиумите се злоупотребува постојано за црни кампањи, линч на опозицијата и неистомислениците.

Поради истите причини и беше воведена техничкаа влада. Нема никаква разлика од времето на Никола Груевски во 2016 година. 

Донесен закон со консензус, мора и да се укине со консензус. 

Не само тоа, туку и со поддршка од меѓународната заедница.

Зачлени се на нашиот е-билтен