РК Вардар информира дека се пуштени во продажба билетите за дербито со РК Пелистер, меч кој ќе се одигра во салата “Јане Сандански“ на 7 мај со почеток од 19 часот.
Цената на билетите се движи од 250 до 350 денари во зависност од местата и трибината.
Иако беше најавено, сепак најголемото ракометно дерби нема да се одигра овој викенд како што првично беше планирано, туку поради европските обврски на Вардар тоа е презакажано за седми мај (четврток)
На Вардар на тој меч потребен му е само бод за да ја врати шампионската титула која минатата сезона заврпи во Битола.