Скопје денес со прекини, без струја и вода во четири општини

Делови од Скопје денес, 12 мај, ќе останат без електрична енергија и вода поради најавени зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во делови од Ѓорче Петров и Сопиште. Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „95“ во населбата Волково, во општина Ѓорче Петров. Од 12:00 до 15:00 часот прекин е најавен и за дел од корисниците на улица „16“ во селото Долно Соње, во општина Сопиште.

Прекинато водоснабдување ќе има и во делови од Чаир и Карпош. Од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во Чаир, поради интервенција кај ОУ „Хасан Приштина“.

Во Карпош, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе има поради зафати на булеварот „Партизански одреди“ бр. 48а. Без вода ќе останат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“ и околината.

Најчитано

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најчитано