Знаете дека воените авиони и танкерите на воздухопловните сили на САД – наш стратешки партнер и сојузник – се стационирани на аеродромот во Софија. Авионите остануваат таму со дозвола од кабинетот на Жељазков со период на престој до крајот на мај.
Очекувам американската страна да побара продолжување на нивниот престој на аеродромот во Софија.
Ова го изјави премиерот на Бугарија Румен Радев вчета за време на состанокот на Советот на министри, објавија бугарските медиуми.
Во врска со ова, вчера имав телефонски разговор со американскиот секретар за војна Пит Хегсет, а потоа и со претседателот Трамп. За време на телефонскиот разговор со американскиот претседател, Радев инсистирав да се покрене прашањето за укинување на визите за бугарските граѓани за САД. Очекувам ова прашање итно да се разгледа“, информирал Радев на седницата на Владата.
Радев се оврнал и претстојните реформи на администрацијата.
„Почнуваме административна реформа со две јасни цели – зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците. Ова нема да доведе до масовни отпуштања и административни трошоци. Ништо нема да се направи без темелна анализа“, истакна премиерот Радев.
Тој соопштил дека ќе се формира совет за административна реформа со кој ќе претседава вицепремиерот Галаб Донев.
„Ќе има спојување на агенции со преклопувачки одговорности, спојување на дирекции со министерства, намалување на слободните работни места, пензионирање без замена и доброволно заминување. Целта е да се намали административниот товар врз луѓето, да се скрати времето на служба, да се оптимизира јавната потрошувачка, а воедно да се одржи нивото на услуга за граѓаните“, нагласил Румен Радев на седницата на министерскиот совет.
