Ова се дваесетте рефрени што ќе се испеат на Фолк Фест Валандово 2026

Валандово

Фолк Фест Валандово 2026 ги објави рефрените од сите 20 нови композиции што ќе бидат изведени на натпреварувачката вечер на 27 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, со што публиката доби прва можност да слушне дел од песните пред нивната целосна фестивалска изведба.

Објавувањето на рефрените е првиот вистински музички тест пред фестивалската вечер. Во неколку стихови и мелодиски линии се гледаат насоките на годинашното издание: класичен валандовски фолк, емотивни љубовни песни, локални мотиви, препознатливи пејачки имиња, но и простор за помлади вокали.

Фестивалската вечер ќе се одржи во среда, 27 мај, со почеток во 20:30 часот, а песните ќе бидат изведени во целост пред публиката во Валандово и преку директен телевизиски пренос на МТВ 1.

Бр.ИзведувачПесна
1Софија Пуровска„Мир што ме опива“
2Дејан Николоски Чуле„Слатки мали лаги“
3Ивана Наумова Каранфилов„Дојде време да се вратиш“
4Стефан Илиќ од Србија„Уште еднаш“
5Габриела Новевска„Да имав јас среќа“
6Група Распеани Валандовчани„Отвори Лидо рајски прозорец“
7Лени Партикова„Пуштај ме мајко“
8Горан Тодороски„Билјана“
9Ивана Серафимовска„Дишам повторно“
10Горан Тодоровски„Сонце да ме разбуди“
11Ангела Влинтовска„Вардар тече среде Скопје“
12Нино Величковски„Смислата на животот“
13Василија Петрова„Среќна со тебе“
14Драган Даце Николовски„Жено неверна“
15Благица Калева„Солзи немам“
16Мишко Крстевски„Калина“
17Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд„После сѐ“
18Благоја Грујовски„Султана“
19Смиља Митревска„Љубовта нека царува“
20Христијан Божинов Кико„Градче мое убаво“

Во година кога фестивалот повторно се обидува да ја врати валандовската сцена во центарот на македонската народна песна, рефрените ќе бидат првата мерка за тоа кои композиции ќе останат само фестивалски настап, а кои ќе продолжат да се пеат и по завршувањето на вечерта.

Најчитано