Биг Бендот на Здружението на џез музичари со бесплатен концерт го одбележува Светскиот ден на музиката

Во среда, 21 јуни, со почеток од 21 часот, Биг Бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, ќе одржи целовечерен концерт насловен “Jazz & Roll,” на платото пред Филхармонија Кафе Бар.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а влезот е бесплатен.

Светскиот ден на музиката се слави секоја година на 21 јуни. Овој датум е избран да се совпадне со летната долгодневица, ден кој ја симболизира совршената рамнотежа на светлината и темнината и служи како метафора за хармонијата и единството што музиката ги носи во нашите животи, надминувајќи ги разликите и поттикнувајќи чувство на единство.

Зачлени се на нашиот е-билтен