Јакимовски: Лукровски е болен за работа, но не и за шопинг

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, изјави дека актуелниот градоначалник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како го посетува Сити Мол.

„Болен е за работа, но не и за шопинг“ порача Јакимовски, повикувајќи го директорот на ФЗО Сашо Клековки да ги провери камерите во молот за да видел со свои очи.

Јакимовски нагласи дека Лукровски бил на „шопинг терапија“ додавајќи целата ситуација ја плаќаат граѓаните на Карпош и побара одговорност.

Лукровски кој се наоѓа на боледување своите надлежности ги има пренесено на заменик градоначалникот Неделчо Крстевски.

Најчитано