Путин доаѓа на Балканот на отворање на православен храм

Путин

Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе присуствува на отворањето на српско-руски храм во Бања Лука, во Република Српска, која е дел од Босна и Херцеговина, објавија медиумите во регионот.

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, најави дека се очекува рускиот претседател Владимир Путин да пристигне во Бања Лука по повод отворањето на руско-српски храм. Додик е поранешен претседател на Република Српска и е познат по своите проруски позиции. Тој исто така отворено го поддржува српскиот хегемонизам на Балканот, што е дел од проектот „Српски свет“.

„Го потврдив она што претходно го договоривме. Ќе чекаме секогаш кога ќе стане можно. Штом тој (Владимир Путин, ур.) има можност, ќе ја спроведеме“, рече Додик во Санкт Петербург, каде што учествува на економски форум.

Додик потсети дека годинава бил во Русија неколку пати. „Бев таму на 9 мај, бев таму на 28 мај, денес сум повторно тука и ќе дојдам повторно. Единственото нешто што е сигурно е дека на 25 септември ќе бидам во Москва“, рече Додик.

Најчитано