Двајца жители на Гостивар и еден државјанин на Албанија се приведени по полициска акција во која биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.
Полициски службеници од ОВР Гостивар во петокот околу 20:15 часот ги лишиле од слобода Б.З. на 27-годишна возраст и А.З. на 23-годишна возраст, двајцата од Гостивар, како и 31-годишниот Ј.М. од Албанија.
Според МВР, при преземањето на службените дејствија кај Б.З. била пронајдена бела прашкаста материја.
Врз основа на судска наредба, полицијата извршила претрес во неговиот дом и во подрумските простории, каде што била пронајдена марихуана.
Тројцата се осомничени за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосното документирање и расчистување на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
