Повеќе од 200 лица осомничени за врски со џихадистичката група Исламска држава и со крајно левичарските организации се уапсени во турската престолнина Анкара, две недели пред самитот на НАТО, соопштија властите.
Според обвинителите во Анкара, приведени се 209 лица, а по уште 32 се трага.
Речиси 200 од уапсените – вкупно 185 лица – се обвинети дека припаѓаат на разни крајно левичарски групи, означени од турските власти како терористички организации. Меѓу нив е и Револуционерната народноослободителна партија-фронт (DHKP-C), марксистичко-ленинистичка организација која во минатото ја презеде одговорноста за голем број напади во Турција.
Регионалната влада во Анкара објави дека ги забранува сите демонстрации и јавни настани од 28 јуни до крајот на самитот на НАТО.
Форумот е закажан за 7 и 8 јули во турската престолнина и ќе ги собере лидерите на 32-те земји-членки на НАТО, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.
