Блумберг пресмета: Ако денес се дели К-15, може да достигне до 38.230 денари

Блумберг

Најнискиот задолжителен износ се менува секој месец, како што се менува просечната плата. Па така, исплатата во јули годинава е за над 1.300 денари поголема од јули лани, пресмета Блумберг Адриа.

Горната граница за исплата на регресот за годишен одмор не е дефинирана, но дефинирани се давачките кон државата. Максималниот износ кој компаниите можат да го платат на своите вработени во јули, без дополнителни давачки, изнесува 80 отсто од последните три просечни плати.

Просечната исплатена плата во периодот од февруари до април годинава, според вчерашното соопштение на Државниот завод за статистика, изнесува 47.788 денари, што значи дека највисокиот износ во јули може да изнесува 38.230 денари по вработен.

Се разбира, вообичаено, работодавците ги исплаќаат најмалиот законски определен износ кој се определува со 40% од просечната плата, па во овој случај регресот би изнесувал нешто повеќе од 19.000 денари.

Се разбира дека работодавците можат и повеќе да го одврзат паричникот, но секоја исплата над 80 отсто од нето платата е непризнат расход и за него се плаќа данок на добивка.

Најчитано