На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор информираат од Центарот за управување со кризи.
Од нив, три пожари се активни, еден пожар е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.
Активни пожари има во; Општина Демир Хисар – с. Обедник (ниска вегетација); Општина Куманово – населба Перо Чучо (бандери и дрвја); Општина Илинден – с. Јурумлери (кабаст отпад).
Пожар под контрола е пожарот меѓу општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино (ниска вегетација).
Изгаснати пожари се: Општина Куманово – ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 (ниска вегетација); Општина Чашка – с. Чашка (ниска вегетација).
