МВР информира дека вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко.
Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид.
По налог на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола, по што е лишен од слобода.
„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ додаваат од МВР.
