Утре на платото пред СЦ „Борис Трајковски“ ќе се оддаде последна почит за Владо Јаневски

Јаневски

Додека властите размислуваат кој ќе биде следниот министер за култура, граѓани, уметници, соработници и колеги на пејачот Владо Јаневски организираат последен поздрав до него.

Тие го повикуваат граѓаните, утре во 20:00 часот да дојдат на платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и да оддадат последна почит кон големиот уметник.

„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат – тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, порачаа организаторите.

Владо Јаневски остави длабока трага во македонската музика со бројни хитови кои со години се дел од животите на генерации слушатели.

Тој почина вчера на 66 годишна возраст, а погребот ќе биде во среда на градските гробишта Бутел.

Најчитано