Франција е супериорна фудбалска сила, убедлива победа против Шведска

Франција
EPA/SARAH YENESEL

Француската фудбалска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако убедливо ја победи Шведска со резултат од 3:0.

Предводени од Килијан Мбапе, Французите можеа да постигнат многу поубедлива победа, имаа два стативи (Мбапе и Олисе по спектакуларни ножички), плус шведскиот голман Јакоб Видел направи неколку одлични одбрани.

Мбапе постигна гол во 45-тата и 74-тата минута, се изедначи со Лионел Меси на врвот на листата на стрелци со шест гола, а на вечната листа му се приближи на Аргентинецот само со еден гол (19:18).

Бредли Баркола исто така постигна гол во 53-тата минута.

Франција ќе игра против Парагвај во осминафиналето, во сабота во 23 часот во Филаделфија.

Најчитано