Вучиќ имал телефонски разговор со Сиљановска-Давкова: Постои волја за развивање блиски и пријателски односи меѓу двете земји

Вучиќ

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, обајви на социјалните мрежи дека имал телефонски разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

„Во еден значаен разговор со @gordana_siljanovska_davkova беше потврдено дека постои волја меѓу нашите земји да продолжат да развиваат блиски и пријателски односи“, пишува Вучиќ на Инстаграм.

Тој информира дека „размениле мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилна поврзаност во области од заеднички интерес“.

„Србија останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста и зајакнување на соработката со Северна Македонија, убедена дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, се вели во објавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова засега нема информација за телефонскиот разговор со српскиот претседател.

Најчитано