Преселба на документи од министерството на земјоделие на денот кога настапува промена во ресорот

земјоделие

Оваа сцена од пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го привлече внмиманието на граѓаните кои до нашата редакција ги испратија овие фотографии. Фотографиите регистрираат изнесување на поголема количина кутии со документи. На некои од нив се запишани имиња на градови, што и да значи тоа.

Можеби оваа сцена не био била невообичаена, ако не се случува на денешен ден кога и официјално треба да биде соопштено дека досегашниот министер на овој ресор не ја „преживеа“ реконструкцијата на владата.

Како што е прелиминарно објавено, досегашниот министер Цветан Трипуновски, ќе биде заменет.

ЗНАМ ќе го преземе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде за министер се очекува да биде именуван актуелниот државен секретар Борче Серафимовски.

Серафимовски, ако помине, ќе го преземе во време кога незадоволството кај земјоделците е сè погласно, а протестите повторно стануваат средство преку кое производителите се обидуваат да стигнат до институциите.

Последниот протест во Битола, организиран од сточари и земјоделци, е само најнов сигнал дека трпението во секторот е при крај. Демонстрантите побараа итна исплата на заостанатите субвенции, гарантирани откупни цени и предупредија дека, доколку нивните барања не бидат исполнети, протестите ќе продолжат со блокади на патишта и протест пред Владата во Скопје.

Најчитано