Редакцијата на Рацин.мк доби одговор од Државната комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) на мејлот од 22 јуни во кој ги прашавме дали е отворена постапка за работата на министерот за спорт Борко Ристовски врз основа на анонимна пријава за основано сомневање за системска корупција, клиентелизам, несовесно работење и злоупотреба на службената положба.
Во одговорот на ДКСК се вели:
До ДКСК е доставена пријава од непознат подносител. По доставената пријава е оформен предмет, по кој постапката е се уште во тек и од страна на ДКСК не е донесена Одлука. По завршување на постапката ДКСК на јавна седница ќе донесе Одлука која согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ќе биде објавена на веб страницата на ДКСК.
Овој одговорот на нашите прашања дали ДКСК досега расправаше за поднесената пријава и дали е внесена во распоредот за расправи по поднесени пријави.
