Грчката Vero Holding SA го продолжува својот инвестициски циклус и најавува нови продавници во Северна Македонија и Србија. Никос Веропулос за грчки OT најави отворање на нови продавници во Србија и Северна Македонија. Тој изјави дека во 2025 година групацијата остварила продажба од 206 милиони евра, што претставува раст од 5,7%.
Во интервју за OT, Веропулос официјално го најави отворањето на нови продавници во Србија и Северна Македонија.
Според него, групацијата планира да изгради нова продавница на Vero во Струмица до крајот на тековната година, но и да започне со работа на друга локација за која чекаат потребните дозволи повеќе од две години.
„Во Србија купивме продавница на 4.500 квадратни метри со 120 паркинг места, а нејзиното отворање е планирано во 2027 година“, рече тој.
Според порталот Retail Serbia, станува збор за зграда во Борча во која моментално се наоѓа мегамаркетот Рода.
Компанијата планира да ги прошири своите операции во Србија со влегување во нови градови, пишува Retail Serbia.
Компанијата моментално работи во Северна Македонија со 16 продавници и во Србија со 8 продавници. Се очекува прометот на групацијата да изнесува над 200 милиони евра оваа година, а продажбата да порасне помеѓу 6 и 7%.
