Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечениот прием што го организираше Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје по повод 4 Јули – Денот на независноста на САД.
Во неформалниот дел од настанот, претседателката се приклучи на музичката програма и заигра заедно со присутните гости, создавајќи опуштена атмосфера која беше забележана и на виде оснимките објавени од амбасадата.
На приемот присуствуваа претставници на државниот врв, дипломатскиот кор, политички партии, институции и јавниот живот, кои заеднички го одбележаа американскиот национален празник и долгогодишното партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
„Додека денес ја славиме 250-годишнината од американската независност, се потсетуваме на вечер исполнета со топли разговори, жива музика и подиум за танцување полн со енергија – прекрасен одраз на силните врски, споделените вредности и духот на заедништвото. Ви благодариме на сите што ни се придружија и помогнаа прославата да биде толку незаборавна“, напишаа на својата Фејсбук страна од Амбасадата.
Прославата беше организирана во духот на пријателството и соработката меѓу двете земји, со пригодна културно-забавна програма и дружење на гостите.
