Компанијата Фолксваген веројатно ќе биде купена од кинески производител на автомобили, изјави претседателот на Килскиот институт за светска економија (IfW), Мориц Шуларик, додавајќи дека можеби тоа ќе биде BYD.
Шуларик верува дека на Кина треба да ѝ се овозможи пристап до европскиот пазар, но само под услов возилата да се произведуваат и во Европа.
„На Европа ѝ е потребна технолошка автономија во клучните области“, рече Шуларик во интервју за Зидојче Цајтунг.
Според водечките економски експерти, европската автомобилска индустрија се соочува со историски пресврт и дека на кинеските производители, кои се најголемата конкуренција, треба да им се овозможи пристап до европскиот пазар, но под услов да ги произведуваат своите возила на европско тло, објавува Nit news.
Фолксваген се бори со пад на профитот, слабеење на продажбата и строга програма за намалување на трошоците. Според медиумските извештаи, во моментов се разгледуваат мерки за штедење кои би можеле да влијаат на дури 100.000 работни места.
Се разгледуваат и неколку други германски фабрики.
„Фолксваген“ сè уште не ги коментираше извештаите, но постојано нагласуваше дека неговиот сегашен бизнис модел ги достигнува своите граници во услови на глобална конкуренција.
Притисокот од Кина е особено интензивен. Според Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM), Кина сега е најголемиот извозник на автомобили во светот, надминувајќи ја Јапонија.
Како што е наведено, производители како што се BYD, Geely и Chery брзо добиваат пазарен удел во Европа, првенствено со конкурентни цени на електрични автомобили.
„Традиционалниот модел на извоз на автомобили изумира“, вели економскиот историчар Нил Фергусон и додаде дека европските производители мора да се подготват за фундаментална структурна трансформација.
