Триесет и двегодишен маж од Куманово е приведен по пријава дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.С. на 4 јули околу 22:40 часот, по претходно добиена пријава за семејно насилство.
Според полициските информации, нападот се случил во домот во кој живеело семејството. По интервенцијата, 32-годишниот кумановец бил приведен и задржан во полициска станица.
Од полицијата не се објавени дополнителни информации за здравствената состојба на жената, ниту за околностите што му претходеле на нападот.
СВР Куманово презема мерки за целосно документирање на случајот, по што против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
