Руте: Вчера видовме што се случи со бродовите, САД мораше да го нападнат Иран

Украина
Фото: НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа вечерва американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски бродови што минуваа низ Ормутскиот теснец.

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.

„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО.

Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?