Денеска би сакала да кажам дека мотото „Посилна Европа, посилно НАТО“, во моите мисли е дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е Европа што живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности.
Оваа поента беше централна во изјавата на претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова дадена непосредно пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО во Анкаеа
Таа уште дополни дека е потребно повеќе „кантијанизам“ отколку „макијавелизам“.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, којшто се одржува во Анкара, Република Турција.
Во состав на делегацијата се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет.
Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина.
