ЈП Лајка со фотосесија ги претстави кучињата за вдомување

Лајка

ЈП Лајка започнува нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот.

Во рамки на кампањата е реализираан фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици.

Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом.

Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент – некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања ЈП Лајка сака да им даде видливост на оние кои најдолго чекаат и да покаже дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици.

Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство.

ЈП Лајка ги повикува граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом.

За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку официјални канали за комуникација на ЈП Лајка

Најчитано