Шекеринска од Анкара: Ќе покажеме кредибилитет ако со Бугарија, како партнер во НАТО, разговараме пријателски и сојузнички

Шекеринска

Во интервју за 4News.mk, генералната секретарка на НАТО Радмила Шекеринска, на прашањето како гледа на блокадата за Македонија и евроинтеграциите и на односите со Бугарија како земја сојузник во алијансата, рече дека како сојуз не навлегуваат во теми кои опфаќаат еден или двајца сојузници, дека во него сите се еднакви и секоја земја гледа дека заедно можат повеќе и подобро.

„Кредибилитетот којшто го создаваме во НАТО и влијанието што како рамноправна членка го имаме, секогаш дава можност за некои проблеми да се зборува на пријателески и сојузнички начин. Тоа секој ден треба да се користи“, нагласи Шекеринска.

Тој пристап го зголемува керидбилитетот на Македонија, посочи таа.

„Бидејќи сме на масата на НАТО така го зголемуваме и сопствениот кредиблитет и кога ќе кажеме, како што денеска кажувавме дека испорачуваме, дека тоа што сме го ветиле го реализираме, тоа нѐ претставува во многу зрело светло кога ќе погледнат и од страна на членките на ЕУ, но и билатерално, да се покаже дека станува збор за сериозна и одговорна држава. Тоа, како држава којашто тешко ги поминувала овие чекори, мора секој ден на паметен начин да го користиме“, истакна Шекеринска.

Во интервјуто за 4News.mk за самитот во Анкара таа рече дека НАТО испорачува кога станува збор за безбедноста на нејзините земји членки

„Не треба да очекуваме дека некој друг ќе ни ја плати безбедноста, Европа и Канада испорачуваат резултати на тој план. Алијанасата ќе биде посилна, а во неа и Европа ќе биде посилна заедно со САД“, рече генералната секретарка.

Шекеринска рече дека НАТО останува силно на поддршката на Украина и дека тоа и порака до Москва дека ниту една агресија не е и нема да биде прифатлива.

Најчитано