Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали, информираат од ЕВН Македонија преку Регионалниот центар за управување со кризи.
Според распоредот, од 8:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците во селата Рашче, Копаница и Бојане во општина Сарај.
Во општина Аеродром, од 8:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето ќе има за дел од корисниците на улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче.
Најдолг прекин е предвиден во Шуто Оризари, каде од 8:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите на улица „3“ и на улицата „Индира Ганди“.
Од 9:30 до 14:30 часот струја нема да има и за дел од корисниците на улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и „Виа Игнација“ кај објектот број 8.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги планираат своите дневни активности согласно најавените термини, а снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на планираните интервенции на мрежата.
