И оваа недела емисиите од ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон, покажува седмичниот извештај кој фабриката редовно го доставува до медиумите.

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
Од Титан Усје нагласуваат дека производството запира доколку филтрите не работат бидејќи така е организиран технолошкиот процес.
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
Во соопштението на компанијата се наведува дека поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима, но дека тоа не влијае на зголемувањето на штетните емисии.
ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.Контакт e-mail: contact@usje.mk
