Тешка сообраќајна несреќа се случи на 311-тиот километар од автопатот „Тракија“, јави агенцијата БГНЕС.
Камион со регистрација од Бургас, кој се движел во правец на Софија, ја преминал заштитната ограда и, влегувајќи во спротивната лента, удрил во два автомобили со три лица во нив.
Според првичните податоци, едно лице загинало, кое било „заробено“ во патничкиот простор на автомобилот, а двајца се повредени.
По нив е испратена хеликоптер на брзата помо за да ги однесе во медицинска установа.
Во моментов, сообраќајот на „Тракија“ е пренасочен во двата правци преку стариот пат Карнобат – Ајтос – Бургас.
Во областа на несреќата е создаден сериозен сообраќаен метеж, при што колоната автомобили веројатно достигнала околу 8 километри.
