ХЕРА: За да останат младите треба да имаат можност достоинствено да живеат и слобода сами да ја изберат својата иднина

ХЕРА
Младите во Прилеп потпишуваат петиција за изградба на Младински центар

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на населението, ХЕРА потсетува дека демографските промени не смеат да се сведуваат само на чиста статистика за наталитетот и иселувањето. Зад бројките стојат реални луѓе и нивните животни избори.

Демографската отпорност значи општество со достоинствени услови за живот, каде младите имаат економска сигурност и слобода да одлучуваат за својата иднина и деца, неусловени од економската несигурност или емиграцијата. Огромен дел од отпорноста е и зачувувањето на сексуалното и репродуктивно здравје. 

Во Северна Македонија јавните политики премногу често се насочуваат кон последиците, наместо кон причините и превенцијата. Инфертилитетот најчесто се третира дури откако луѓето ќе се соочат со тешкотии да имаат деца, иако фертилитетот е здравствен ресурс што треба да се заштитува во текот на целиот живот.

Токму затоа ХЕРА, во соработка со Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, иницираше подготовка на првиот Национален водич за зачувување на фертилитетот кај жените и мажите. конкретна поддршка за здравствените работници и граѓаните.

Со своите младински центри „Сакам да знам“, мобилната гинеколошка амбуланта, советувањето и тестирањето за ХИВ, едукацијата, теренската работа и застапувањето за сеопфатно сексуално образование, ХЕРА повеќе од две децении обезбедува за сеопфатно сексуално образование, ХЕРА повеќе од две децении обезбедува информации и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, особено за младите и за лицата од маргинализираните заедници.

ХЕРА нагласува дека демографските политики мора да се засноваат на човековите права и на еднакви можности за образование, работа, економска независност, учество во одлучувањето и живот без насилство и дискриминација.

Ги охрабруваме и поддржуваме надлежните институции заеднички да продолжиме да работиме на:

· национална и долгорочна политика за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје и фертилитетот;

· достапни превентивни и гинеколошки услуги во сите региони;

· современа контрацепција покриена од здравственото осигурување;

· системско сеопфатно сексуално образование;

· поддршка за младите при вработување, домување и основање семејство;

· мерки за правична распределба на грижата и неплатената работа;

· политики за родова еднаквост и ефикасна заштита од родово засновано насилство.

Иднината на населението се гради со доверба, солидарност, квалитетни јавни услуги и слобода на избор.

Да инвестираме во младите, во здравјето и во еднаквоста – затоа што демографски отпорно е она општество во кое луѓето имаат причина да останат, можност достоинствено да живеат и слобода сами да ја изберат својата иднина.

Најчитано