„Постоеше реална потреба тој повторно да биде отворен, бидејќи по барање на Бит-пазар, каде што многу семејства ја обезбедуваат својата егзистенција, преминот беше повторно воспоставен, во интерес на бизнисот“.
Ова го изјави градоначалникот на Општина Центар Изет Меџити на новинарско прашање за дивиот пешачки премин кај Бит-пазар.
Тој окри дека дека се разгледуваат две можни решенија за во иднина.
„Разгледуваме две опции. Најверојатно ќе се постави семафор, а втората можност е да се сруши мостот, доколку тој претставува пречка, бидејќи не е функционален и граѓаните не го користат“, изјави Меџити.
Меџити рече дека дивиот пешачки премин е повторно отворен по барање на трговците од Бит-пазар, бидејќи неговото затворање негативно влијаело врз работењето на дуќаните и врз секојдневното движење на жителите на Чаир.
„Рушењето на мостот исто така може да биде решение за уредување на овој премин. Постоеше реална потреба тој повторно да биде отворен, бидејќи по барање на Бит-пазар, каде што многу семејства ја обезбедуваат својата егзистенција, преминот беше повторно воспоставен, во интерес на бизнисот“, рече Меџити.
