Неколку лица загинаа денес во пожар на градилиште во Брисел, додека потрагата по шест исчезнати лица е во тек, соопштија локалните власти.
Телевизијата VRT објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.
Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифта на голем проект за реновирање на плоштадот Брукер, каде што избувна пожар рано утрово.
Сепак, тој не прецизираше за колку станува збор.
Тој додаде дека не е јасно дали станува збор за телата на исчезнатите работници.
