Денеска, основниот суд во Гевгелија изрече доживотна казна затвор за 40-годишниот Петар Станковски од Богданци, кој беше обвинет за свирепото убиство на својата мајка.
Убиството кое го потрсе Богданци се случи на 11 јануари во станот каде што мајката и синот живееле како потстанари. Според обвинението, по расправија поврзана со неговото лекување, Станковски ја нападнал својата мајка со нож и ножици, нанесувајќи ѝ повеќе смртоносни повреди.
По извршувањето на кривичното дело, обвинетиот сам се пријавил во полиција, по што беше спроведен во притвор.
Од Основниот суд во Гевгелија соопштија дека првостепената пресуда е донесена откако обвинетиот ја признал вината пред судот. Тој беше гонет за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“, едно од најтешките кривични дела предвидени во Кривичниот законик.
