Пријавен воејер, „ѕиркал“ жени во трговски центар во гардероба

воајер

На 16.07.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во продавница во трговски центар на подрачјето на Ѓорче Петров, додека пробувала облека во гардероба, забележала дека има човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала.

Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С.(43) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најчитано