СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

СДСМ

Опозициската СДСМ реагира на посетата на министерот за надворешни работи на Вашингтон каде што зборувал за потврдена определба“ и соработка со САД, но не е јасно дали им ја кажал целата вистина на нашите стратешки партнери, прашуваат од партијата.

Дали Муцунски им спомена дека во македонската влада седи човек кој јавно промовира соработка со „Ноќните волци“ на Путин и со Комунистичката партија на Кина?

Дали им кажа дека ВМРО-ОКГ намерно ја кочат Реформската агенда за да го блокираат европскиот пат на Македонија и да ги исполнат желбите на руската страна?

Дали им кажа дека реформите се стопираат токму затоа што Европа носи независно судство, европско обвинителство и одговорност за криминал и корупција, нешто што прво Мицкоски, а потоа целата негова организирана криминална група, не го сакаат?

Нашиот стратешки партнер, САД, се истакнува во реакцијата на СДСМ, заслужува да ја знае вистината.  Не само за „определба“, туку и за тоа дека дел од македонската влада работи по агендата на Белград, Пекинг и Москва, а не за интересите на Македонија.


Дали Муцунски им ја пренесе оваа вистина во Вашингтон? Или повторно се обиде да ја прикрие реалноста пред нашите сојузници?


Граѓаните на Македонија заслужуваат одговор, велат од опозициската партија СДСМ во соопштението до медиумите.

Најчитано