Најголем пожар во историјата на Норвешка: Уништени најмалку 100 куќи, евакуирани стотици луѓе

Норвешка

Најмалку сто куќи беа уништени во пожар на југот на Норвешка, принудувајќи стотици луѓе да се евакуираат, објавија норвешките власти.

Пожарот избувна во петокот попладне во градското собрание во Драмен, а потоа се прошири во блиската шума и пожарникарите не беа во можност да го стават под контрола, пренесува АП.

Норвешката служба за цивилна заштита објави дека станува збор за најголемиот пожар од ваков вид во модерната историја на Норвешка.

Според норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК, евакуирани се стотици луѓе.

Нема извештаи за исчезнати лица, соопшти полицијата. Не е јасно што го предизвикало пожарот во Драмен, кој се наоѓа околу 34 километри југозападно од Осло.

Најчитано